петок, 18 октомври 2024

Бугарски судиja под туѓо име судел меч во Анталија

Објавено на

часот

Сподели

Казнетиот Лучезар Јонов се претставил како Рајчо Рајчев од Сливен и заедно со други двајца сограѓани се обидел да изврши влијание, барем според бугарските медиуми, на крајниот резултат на пријателскиот меч. Бугарскиот судија, односно луѓето што му наредиле под лажно име да го суди мечот во Анталија, најверојатно имале желба на средбата да паднат најмалку четири гола, поради што таа била продолжена за неверојатни 10 минути. Дури кога играчите и тренерите на двата тима почнале да се закануваат дека ќе го напуштат теренот, Рајчев односно Јонов решил да го означи крајот на мечот. Средбата завршила само со 2-1 за АЗ Алкмар најверојатно на големо разочарување на Јонов и на неговите налогодавци.

Бугарските судии одамна се обележани како крајно сомнителни во европските фудбалски кругови, особено кога станува збор за пријателски средби. Македонската јавност уште го памети случајот со Антон Генов, кој ја делеше правдата на контролниот меч на нашата селекција со Канада одигран пред две и пол години во Струмица. Македонија победи со 3-0 во меч во кој беа досудени дури четири пенали и тоа по два за двете селекции.

Уште пред мечот во Струмица, било пријавено дека постои „очигледна неправилност во вложени пари низ обложувачниците“ за овој натпревар. Се верува дека најчесто се уплаќало дека ќе бидат постигнати три гола и на тоа дека ќе има неколку пенали. Поради тоа, УЕФА реши да го суспендира Генов и повеќе да не го делегира на меѓународни натпревари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ