недела, 20 октомври 2024

Бугарски националисти викаа и носеа пароли додека Сиљановска Давкова и делегацијата влегуваа во софиската Опера (ВИДЕО)

Националисти и припадници на бугарската ВМРО беа собрани пред софиската Национална опера и со викање, довикување и со разни навредувачки пароли го проследија поминувањето  на македонската претседателка и делгацијата што ја предводи таа, која вечерва го следи настапот на македонската Опера и балет со „Набуко“.

Објавено на

часот

Сподели

Активистите на ВМРО носеа плакати со натписи „Патот на РСМ кон Европа минува низ коридорот број 8“, „Не за јазикот на омразата“, „Дајте им права на Бугарите во Македонија“ и други. Меѓу присутните беа Красимир Каракачанов и Ангел Џамбаски.

Полицијата ја обезбедуваше македонската делегација.

На прашање на новинар на БГНЕС, Сиљановска Давкова одговори дека македонската Влада покажува разбирање за изградба на проектот „Коридор 8“.

„Сè што не поврзува е добредојдено, не само што ова е безбедносен коридор, туку и можност за комуникација меѓу граѓаните од двете страни. истакна таа, а на потпрашањето дека неизградбата од македонска страна ќе му наштети на НАТО таа изрази несогласување со констатацијата содржана во прашањето и замина.

Како што е познато, на операта во изведба на македонската Опера и балет требаше да присуствува и бугарскиот претседател Румен Радев, но поради денешното загинување на двајца пилоти, тој го откажа своето присутво, а утре е ден на жалост во Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ