петок, 10 јануари 2025

Бугарската амбасадорка во Израел не присуствуваше на конференцијата за депортацијата на македонските Евреи

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорката на Бугарија во Израел не присуствуваше на минатонеделната конференција за историјата на бугарскиот холокауст. Овој потег од организаторите беше протолкуван како дел од обидите на бугарската влада да го избрише тој дел од историјата.

Портпаролот на амбасадата за Еврејската телеграфска агенција изјави дека амбасадорката Румијана Бачварова ја добила „поканата во последен момент за да ја поздрави конференцијата“ и „одлучила дека е добро разговорите и дискусиите да останат на експертско ниво на историчарите, без никакво политичко присуство или учество во нив“.

р

Тридневниот настан, насловен како „Прогонство и соработка, спасување и преживување: нови перспективи во врска со Бугарија и холокаустот 80 години подоцна“, беше организиран од Јад Вашем, Универзитетот Бар-Илан и Кинотеката во Тел Авив.

„Веруваме дека во иднина разговорите и дискусиите меѓу бугарските и израелските историчари ќе продолжат“, напиша портпаролот, „и ќе придонесе за објективно и сеопфатно разјаснување на историските настани“.

Годинава се навршуваат 80 години откако во Бугарија беше спречена депортацијата на нејзиното еврејско население.

Сепак бугарскиот крал Борис III во март 1943 гидина во нацистичките логори депортирал преку 11.000 македонски Евреи од тогашната окупирана територија Македонија. Тоа е дел од историјата со која Бугарија не сака да се соочи, велат критичарите.

„Историска ужасна вистина е дека бугарската влада на кралот Борис III на нацистичка Германија ѝ испорачала 11.343 Евреи од Македонија, Тракија и Пирот и ги испратила да бидат убиени во Треблинка. Ова е историски настан за кој нема поинакви појаснувања“, изјави за агенцијата историчарот и адвокат Менахем Розенсафт, кој одржа главен говор на настанот.

„Со одбивањето дури и да ги поздрави учесниците на конференцијата, амбасадорката Бачварова, можеби дејствувајќи по наредба, се чини дека има намера да продолжи со обидите за замаглување на историјата на нејзината влада со студиозно одбивање да признае дека Бугарија ја има крвта на овие 11.343 Евреи на својата совест“, рече Розенсафт, кој е и извршен потпретседател на Светскиот еврејски конгрес.

Организаторот на настанот беше и режисерот Џеки Комфорти, автор на „Украдениот наратив на бугарските Евреи и холокаустот“ (2021) кој изјави дека пристапот на Бачварова кон историјата е „пропагандно ориентиран“. Тој додаде дека во бугарските „неонацистички кругови“ често може да се прочита дека „Евреите не се благодарни што биле спасени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ