петок, 21 март 2025

Бугарска војска пристигнува на Косово

Контингентот на третата бригада на бугарската војска, кој ќе учествува во оперативниот резервен состав на НАТО-силите за стабилизација на Косово, испратен е во мисија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Свештениците служеа молитва за здравје и успешно враќање, додека војниците ги поздравија градоначалникот на Благоевград Методи Бајкушев и регионалниот гувернер на Благоевград Георги Динев, пренесува Косово онлајн повикувајќи се на БТА.

„Бугарската армија придонесува за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Ќе бидат упатени 120 луѓе во мисија на најмалку три месеци. Задоволен сум од подготовките и од спремноста. Налогот стигна во петокот, во среда веќе ги праќаме, што значи дека заверката што ја поминаа претходно и спремноста што ја одржуваат беа на потребното ниво и можеме да реагираме во предвидените рокови”, порача началникот за одбрана адмиралот Емил Ефтимов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ