сабота, 27 јули 2024
За обраќањето на претседателот на Србија во Скопје

Бугарска реакција: Вучиќ се приклучи кон анти-ЕУ пропагандата за блокада на Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ отворено се приклучи кон антиевропската реторика и пропаганда за блокада на Северна Македонија, напиша бугарската агенција БГнес инормирајќи за вчерашното обраќање на Вуќиќ на Светосавската свечена академија кога изјави дека Србите немаат поблизок народ од Македонците и дека од Македонија не бара ништо, ниту промена на Уставот.

Објавено на

часот

Сподели

БГнес го пренесува обраќањето на Вучиќ и наведува дека тој порачал дека Србија не бара од Македонија промена на Уставот и дека е тоа внатрешно прашање на земјата.

Агенцијата потоа нагласува и потсетував дека без промена на Уставот земјава не може да ги продолжи преговорите со ЕУ и дека тоа е влезено и во преговарачката рамка.

БГнес информира дека на свечената академија имало и претставници од Република Српска и дека обраќање имал Ненад Стевандиќ, претседател на парламентот на Српска. Стевандиќ, пишува агенцијата, е на „црната листа“ на САД за попречување на Дејтонскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ