вторник, 22 октомври 2024

Бугарија забрани промоција на нетрадиционални сексуални ориентации во училиштата

Бугарија вчера забрани нехетеросексуални пораки во училиштата, по примерот на Унгарија, Полска и Словачка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според новиот закон, во предучилишните установи и училиштата се забранува секоја пропаганда или поттик поврзан со „нетрадиционална сексуална ориентација“ или родово самоопределување кое се разликува од полот при раѓање.

Слични ограничувања постојат во земјите-членки на ЕУ, Унгарија, Полска и Словачка.

Пратениците го одобрија предлог-законот со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 „против“ и 12 воздржани.

Амандманот, предложен од проруската крајнодесничарска партија Вазраждане во земјата, воведе и дефиниција за „нетрадиционална сексуална ориентација“ – што се објаснува како спротивно на правниот концепт на Бугарија за „емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.

Амандманот беше поддржан од претставници од различни политички групи, вклучително и централнодесничарскиот сојуз ГЕРБ-СДС, популистичката партија ИТН, Социјалистичката партија и делумно ДПС, која ги застапува интересите на турските и другите малцинства.

Либерално-конзервативната алијанса ПП-ДБ главно гласаше против амандманот.

Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата синоќа протестираа против амандманот пред зградата на парламентот во Софија. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и истакнување плакати со пораки: „Не го повторувајте патот на Русија“, „Срам да ви е“ и „Престанете да ги бркате луѓето од Бугарија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ