сабота, 19 октомври 2024

Бугарија се придружи кон декларацијата Г7 за безбедносните гаранции за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија ѝ дава политичка и практична поддршка на Украина. Спротивставувајќи ѝ се директно на руската агресија, Бугарија придонесува за заштита на слободата, безбедноста и суверенитетот на сите европски држави-членки. Во согласност со оваа доследна политика, Бугарија ќе ѝ се придружи на Заедничката декларација на земјите Г7 за поддршка на Украина“, соопшти Информативната служба на бугарската влада, а пренесува агенцијата БТА.

Лидерите на земјите на Групата седум (Г7) договорија Заедничка декларација за поддршка на Украина на маргините на самитот на НАТО во Вилнус на 11-12 јули, потсетува Танјуг.

На декларацијата досега ѝ се придружија Белгија, Чешка, Грција, Данска, Финска, Исланд, Ирска, Летонија, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ