сабота, 28 септември 2024

Бугарија не чекаше долго и го одби предлогот на Орбан да посредува меѓу Софија и Скопје

Само неколку часа по понудата Унгарија да посредува за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, Бугарија го отфри предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во Охрид Орбан соопшти дека до македонската страна доставил предлог за надминување на проблемот меѓу Македонија и Бугарија и побара и согласност од Бугарија за Унгарија и официјално да стане медијатор. Овој предлог експресно беше одбиен од бугарската влада.

 

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов изјави дека не ѝ се потребни посредници во процесот бидејќи европскиот договор со Македонија бил јасен.
Пред два дена Европската Унија реши да го раздели патот на Македонија и на Албанија кон полноправно членство.
Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика за ТВ Телма изјави дека многу побитно е тоа што ни се случува дома, особено што процентот на песимизам дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ во земјава е многу висок.
„Ние имаме над 30. Така да ефектот е тој, тешко ќе го повратиме наназад, меѓутоа она што ние го живееме тука, веројатно, покрај ова симболично, како го нарековте меритирање од ЕУ, многу поважна е домашната некадарност која што ја имаме и домашната неможност да се креира заедничка стратегија за овие прашања“, смета Кацарска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ