сабота, 27 јули 2024

Бугарија ќе обучува украински воени болничари

Министерството за одбрана на Бугарија откри одделни детали за учеството во тренажната мисија на ЕУ, чија цел е давање помош на Украина. Како што се наведува во соопштението на Бугарското министерство, еден дел од украинските воени болничари, т.е. припадниците на санитетските единици ќе се обучуваат во Бугарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ве потсетуваме дека во согласност со одлуката на Народното собрание, нашата држава се определи за учество во тренажната мисија на ЕУ за помош на hУкраина. Обуката на воениот персонал се одржува во Германија, Полска и во други членки на ЕУ. Во составот на оваа мисија, Бугарија ќе ги обучува воените болничари – до 60 болничари годишно“, пишува во соопштението.

Од Министерството за одбрана на Бугарија нагласуваат дека нивната држава нема да праќа трупи на територијата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ