четврток, 24 октомври 2024

Бугарија излегува на седми избори во последните три години

Бугарската партија Има таков народ (ИТН) денес му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев, откако не успеа да формира стабилна коалиција. ИТН заврши шеста на изборите на 8 јуни, со само 16 пратеници во парламентот кој има 240 места. Партијата на 29 јули доби мандат за составување влада откако партиите ГЕРБ и Ги продолжуваме промените (ПП) не успеаја да формираат власт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сфативме дека немаме заеднички цели, затоа го враќаме мандатот“, кажа лидерот на ИТН Тошко Јорданов. Радев сега мора да именува привремен премиер и во следните денови мора да распише нови избори, седми од 2021 година, кои мора да се одржат во следните два месеци.

„Спиралата на нерешени избори продолжува, а тоа создава не само иритација, туку почнува и низа деструктивни процеси“, кажа бугарскиот претседател.

Бугарија е најсиромашната земја на Европската Унија и една од најкорумпираните. Стабилна влада нема од 2020 година, кога протестите против корупцијата на власта ја урнаа коалицијата предводена од ГЕРБ, партија од десниот центар.

Изборите во јуни беа распишани по распадот на коалицијата на ГЕРБ, владејачката партија во повеќето од последните 15 години, и партијата ПП. ГЕРБ на тие избори доби 68 пратеници, а ПП39. Двете партии се проевропски, но склони на внатрешни борби и лични ривалства.

На Бугарија ѝ е потребен период на стабилна влада за да го забрза приливот на европските средства. Софија сака да стане членка и на еврозоната и на шенгенскиот простор. Планот за придружување на еврозоната веќе два пати е одложуван поради неуспехот на Софија да ја заузда инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ