вторник, 22 октомври 2024
Изјава на бугарскиот премиер

Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон македонската влада? Главчев не вели не

Запрашан дали Бугарија разговарала со Грција за преземање на некакви заеднички акции кон македонската влада, бугарскиот премиер Димитар Главчев изјави дека засега не станало збор за нешто такво, но дека и тоа не е исклучено во иднина. Тој рече дека ќе ги информира европските лидери дека во македонската влада најавуваат дека нема да прават уставни измени.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам Северна Македонија да ги почитува договорите и ќе ги потсетам европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка и какви се Патоказите за прием на земјата во ЕУ“, рече Главчев при пристигнувањето на денешниот прв ден од Самитот на ЕУ во Брисел.

„Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Република Северна Македонија дека нема да се извршат такви измени“, рече Главчев.

Тој нагласи дека ќе ги информира европските лидери какви се состојбите и што досега беше усвоено во однос на ова прашање.

„За мене е важно да покажам каква е бугарската позиција, која впрочем е и европска позиција“, изјави Главчев, додавајќи дека засега има намера само да ги потсети европските колеги што се случува, бидејќи за Бугарија тоа е важна тема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ