Пристапот од сабота на полноќ е забранет за сите пловни објекти заверени во рускиот регистар, без оглед на знамето под кое пловат, се вели во соопштението.
Забраната е воведена во согласност со регулативата на Европскиот совет, која се однесува на санкциите воведени кон Русија поради нападот на Украина и дестабилизација на ситуацијата во таа земја.
На пристаништата им е наложено да им го забранат пристапот на бродовите што пловат под знамето на Руската Федерација и на бродовите кои го промениле своето руско знаме или својата регистрација во знаме или регистар на која било друга земја по 24 февруари 2022 година, датумот на руската инвазија на Украина, соопшти поморската агенција.