сабота, 27 јули 2024

Бугарија: Денков доби мандат да формира влада во следните седум дена

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека на Бугарија ѝ треба стабилна влада и функционален парламент.

„Проблемите поврзани со буџетот и носењето закони може да се решат со формирање влада“, рече Денков, пренесува Ројтерс.

Двете најголеми бугарски политички партии, централно-десничарскиот ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата Континуирани промени на Денков, се согласија да формираат коалициска влада со ротирачки премиер, во обид да заврши политичката криза која трае повеќе од две години.

Неизвесноста ја принуди членката на ЕУ, Бугарија да го одложи планираниот датум за усвојување на еврото, а таа допрва треба да го одобри предлог-законот за буџетот за 2023 година.

На изборите на 2 април, ГЕРБ беше прв, освојувајќи 69 места во 240-члениот парламент. Блокот предводен од Континуирани промени освои 64 места.

Поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на ГЕРБ, по девет месеци ќе ја преземе премиерската функција, според договорот на партиите, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ