четврток, 24 октомври 2024

Бугарија денес го прекина увозот на нафта од Русија

Бугарија денес го прекина увозот на нафта од Русија во рамки на ембаргото на Европската Унија поради војната во Украина, објави бугарскиот портал Новините.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија на крајот на 20220 година ѝ одобри на Бугарија двегодишно изземање од ембаргото на руската нафта за кое беше планирано да трае до крајот на 2024 година.

Бугарскиот парламент, меѓутоа, во декември изгласа увозот на руската сирова нафта да се прекине пред рокот, почнувајќи од 1 март 2024 година.

Експертите од индустријата предвидуваат дека овој потег нема да предизвика скок на цените на горивата во Бугарија.

Ројтерс минатата недела пренесе коментари на трговци со нафта дека Бугарија ќе го замени увозот од Русија со нафта од Казахстан, Ирак и Тунис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ