сабота, 27 јули 2024

Бугарија бара од ЕУ да ја забрза употребата на замрзнатите средства на Русија

Ситуацијата во Украина станува критична и Европската Унија би морала брзо да реагира, оцени бугарскиот министер за финансии Асен Василев повикувајќи ги своите колеги од Советот на ЕУ за економски и финансиски работи да ја забрзаат употребата на замрзнатиот руски имот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата во Украина станува критична. Затоа ЕУ мора брзо да реагира“, кажа Василев а пренесува Еурактив.

Ставот на Бугарија е дека ЕУ би морала да постигне договор за механизам за помош на Украина на почетокот на февруари, откако Унгарија во декември ја блокираше помошта за Киев од 50 милијарди евра.

Според Василев, ЕУ не може да си дозволи поддршката на Украина да ја врзува за своите внатрешни или други проблеми.

По почетокот на војната во Украина, Соединетите Американски Држави, ЕУ и други западни партнери замрзнаа средства на руските банки во вредност од околу 300 милијарди долари. Санкциите на ЕУ против Русија се проширени за стотици руски граѓани, банки и компании.

Бугарија е единствената земја во ЕУ која не воведе санкции за ниеден руски државјанин или на руските компании од листата на санкции на ЕУ.

Единствената санкција која досега е преземена во Бугарија е одбивање на Агенцијата за регистрација да им дозволи на поранешниот бугарски министер за финансии Милен Велчев и на неговите партнери да ја преземат работата на руската банка ВТБ во Бугарија во мај 2022.

Минатиот септември владејачкото мнозинство во парламентот почна расправа за нацрт законот за примена на меѓународните санкции, чија главна мета е Русија.

Бугарија во моментов нема внатрешни инструменти за спроведување на санкциите воведени со одлука на Советот за безбедност на ОН или ЕУ, а најкомплицираното прашање останува правната примена на рестриктивните мерки за Русија бидејќи во бугарството законодавство не постои термин за „замрзнување“ на имот, како што го применуваат другите земји во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ