четврток, 26 декември 2024

Бугари не биле пуштени на одбојкарски меч во Грција

Објавено на

часот

Сподели

„Бугарските државјани, кои немале агресивни намери, не биле пуштени да заминат да го следат одбојкарскиот меч во Солун“, објави портпаролката на Министерството, Весела Чернева.

Околу 80 бугарски државјани, граѓани на ЕУ, патувале со два автобуси и на десет километри пред Солун биле сопрени и потоа со полициска придружба биле отпратени назад до границата. Бугарското министерство објави и дека полицијата била насилна кон државјаните.

Станувало збор за навивачи на ЦСКА Софија, кои патувале на меч против Ираклис, а Министерството побара од својот сосед сериозна истрага за да се утврдат сите причини. Грчките официјални лица образложија дека станувало збор за хулигани, кои се закана за јавниот ред и мир и затоа превентивно не биле пуштени на мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ