Демонстрантите велат дека мерките ќе им наштетат на милиони Аргентинци бидејќи предвидуваат кратења на буџетот и социјалните бенефиции.
Локалните медиуми објавија за бројни повредени, а сцените ги опишаа како „бојно поле“. На солзавецот и водените топови на полицијата демонстрантите одговорија со фрлање камења и запаливи средства, при што беа запалени неколку автомобили, јавува Би-би-си.
No es Palestina, tampoco Ucrania; es Buenos Aires, que arde en protestas contra el “libertario” Milei.
Milei, en seis meses, convirtió a la Argentina en un estado fallido. pic.twitter.com/BvDm2yFAy7
— Juan el Mestizo (@elmestizojuan) June 12, 2024
Пакетот реформи, предложен од десничарскиот претседател Хавиер Милеи за заживување на пропаднатата економија во земјата, вклучува прогласување вонредна состојба, кратење на пензиите и либерализација на пазарот на труд, што според многумина е најава за нарушување на работничките права. На мерките се спротивставуваат левичарските политички партии, синдикатите и општествените организации.
Предлогот, кој првично беше изедначен (36-36) во Сенатот, беше прелиминарно усвоен откако претседателката на домот, потпретседателката Викторија Виљаруел го даде одлучувачкиот глас.
„За оние Аргентинци кои страдаат, кои чекаат, кои не сакаат да ги гледаат своите деца како ја напуштаат земјата, мојот глас е потврден“, рече потпретседателката и лидер на Сенатот Виљаруел. Законот мора да помине и во Долниот дом за да биде усвоен.
Buenos Aires — Far-left extremists launched an insurrection at the Argentinian Congress to try to stop lawmakers from voting through President Milei’s tax overhauls. The militants hurled firebombs, set fires and attacked police. pic.twitter.com/8Vn9aaiK08
— Andy Ngô 🏳️🌈 (@MrAndyNgo) June 12, 2024
Во пресрет на усвојувањето на законот во Сенатот, демонстрантите скандираа: „Земјата не е на продажба, земјата се брани“, додека на еден транспарент пишуваше: „Како може шефот на државата да ја мрази државата?“
Судирите избија претходно во текот на денот, кога демонстрантите се обидоа да го пробијат патот кон Конгресот преку оградата, фрлајќи камења кон полицајците.
Набљудувачите и опозициските пратеници рекоа дека десетици демонстранти и неколку пратеници морале да побараат лекарска помош. Најмалку пет пратеници од опозицијата се хоспитализирани, изјави пратеничката Сесилија Моро. Најмалку 20 полицајци се исто така повредени, соопштија официјални лица. Безбедносните сили соопштија дека уапсиле 15 лица.
Cacerolazos en las calles de la Ciudad de Buenos Aires 🔴 pic.twitter.com/AHWq74EUZT
— El Destape (@eldestapeweb) June 13, 2024
Полицијата подоцна ги потисна демонстрантите, кои наводно запалиле две возила. „Не можеме да веруваме дека во Аргентина расправаме за закон кој ќе нè врати 100 години назад“, вели 55-годишниот адвокат Фабио Нуњез.
Кабинетот на претседателот Милеи објави соопштение во кое им се заблагодарува на безбедносните сили за потиснувањето на „терористите“ кои се обидуваат да извршат државен удар. „Ќе ја промениме Аргентина, ќе ја направиме најлибералната земја во светот“, рече Милеи на конференцијата во Буенос Аирес.
❗️Así lucen las calles de Buenos Aires ante las protestas por la ley de bases pic.twitter.com/C8h0OY2gXF
— Sepa Más (@Sepa_mass) June 12, 2024
Контроверзниот Хавиер Милеи ја презеде функцијата претседател минатата година, откако вети драстично намалување на јавната потрошувачка.
Тој дури мавташе со моторна пила на кампањата за да ја симболизира својата решеност да го стори тоа. Оттогаш, тој го преполови кабинетот на владата, скрати 50.000 јавни работни места, суспендираше нови договори за јавни работи и ги укина субвенциите за гориво и транспорт, додека годишната инфлација во Аргентина се приближува до стапка од 300%.