сабота, 27 јули 2024

Буенос Аирес: Судир на патнички воз и локомотива (ВИДЕО)

Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија денеска локалните власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Возот вчера се движел од Буенос Аирес кон северните предградија кога излетал од шините на мост во населбата Палермо, соопштија безбедносните служби, пренесува Асошиејтед прес. Во судирот е оштетен првиот вагон на патничкиот воз.

На лице место им била укажана помош на десетици повредени, 30 лица се префрлени во болница во умерена и тешка состојба, додека најмалку двајца со хеликоптер се префрлени со траума на градниот кош и скршеници на коските.

Иако сè уште не е познато зошто празниот вагон бил на мостот, аргентинскиот железнички синдикат соопшти дека од железницата е украден неколку метри бакарен кабел што се користи за носење електрична енергија по пругата, со што бил оневозможен сигналниот систем наменет да спречи такви несреќи.

Обвинителството соопшти дека отвориле истрага. Официјални лица од аргентинската железничка управа Тренес Аргентинос соопштија дека сообраќајот на популарната железничка линија е прекинат.

Лидерите на синдикатот кои жестоко се спротивставија на економското штедење на либералниот претседател Хавиер Милеи, ја обвинија владата дека не инвестирала во јавната инфраструктура.

Судирот доведе до засилена контрола на безбедноста на железницата во Аргентина, каде во серија железнички несреќи меѓу 2012 и 2014 година загинаа повеќе од 50, беа повредени стотици луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ