сабота, 27 јули 2024
Реакција на Министерството за здравство

Буџетот не дозволува повеќе од две покачувања на платите во годината

Министерството за здравство се залага за подостоинствен приход на здравствените работници, а двете покачувања годинава се меѓудругото и резултат на оваа заложба, пишува во реакцијата на Министерството за здравство (МЗ) по денешниот протест на Независниот синдикат на здравствените работници. 

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2.000, 2.500 и 3.000 за три различни групи здравствени работниици. А сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10 проценти, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината, реагираат од Министерството за здравство по денешниот протест на Независниот синдикат на здравствените работници.

„Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно министерството и министерот Фатмир Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе од две покачувања во годината. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им  беше образложен пристапот на Владата и Министерството за здравство во однос на покачувањата“, се наведува во реакцијата од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ