сабота, 27 јули 2024

Бубевски: Грозоморни убиства, за кои се предвидени максимални затворски казни

Гаврил Бубевски, јавен обвинител на скопското Јавно обвинителство, на прес-конференцијата изјави дека се работи за грозоморни убиства, од кои едното е убиство на малолетник, и дека се предвидени максимални затворски казни.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Најбитно е што сите инволвирани во овој случај се идентификувани. Врз основа на известие за инволвираност на четири лица во два кривично правни настани во кои има две жртви, испитани се четири лица во просториите на ОЈО. За тројцата од петтемина инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот и кој за што бил задолжен во ова кривично дело. Од сето ова можеше да се дефинира дека извршиле две кривични дела – грабнување, кои се поврзани со делото користољубие, грабнување заради корист. Имаат извршено и две кривични дела – убиства, со поврзаност на двете дела, со што тоа добива најтешка кривична казна“, рече обвинителот.

Тој додаде дека против три лица е определена мерка од притвор од 48 часа, зашто во тек е обработка на податоците.

„Кога ќе излезат наодите од обдукцијата и другите докази од вештачењата, од тој момент, можеби уште денеска, ЈО ќе излезе со сите докази и ќе отвори истрага за која потоа ќе можеме да кажеме повеќе детали. Значи, уште сме во фаза на предистрага и можеме да почнеме со краткотраен притвор. Но потоа ќе побараме најтешка мерка притвор со максимално времетраење. Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето што е недостапно. Во тој контекст ќе известуваме за сѐ од истрагата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, потоа мотивот е чисто убиство, едното убиство на малолетник за кое дело е предвидена најстрога казна. Вкупните дејствија се квалификуваат како убиство“, рече обвинителот Бубевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ