сабота, 27 јули 2024

Брутален напад на Израел на цивили кои чекале хуманитарна помош, најмалку 19 луѓе се убиени

Најмалку 19 палестински цивили се убиени во израелски напад на група луѓе кои чекале хуманитарна помош југоисточно од градот Газа, соопшти денес канцеларијата за односи со јавноста на министерството за здравство на Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелските окупациски сили извршија масакр. Отворија оган на група од повеќе илјади луѓе кои чекале брашно и друга помош во близина на кружниот тек Ал Кувајт. Убиле 19 и раниле 23 цивили“, соопшти палестинската канцеларија за медиуми, пренесува Ал џезира.

Се наведува дека израелската војска и тенкови почнале да пукаат од митралез на гладните луѓе кои чекале вреќи со брашно и друга помош на локација оддалечена од зоната на оружени дејства.

Махмуд Басал, портпаролот на отсекот за цивилна одбрана во Газа, потврди дека „силен оган е отворен врз цивилите“, дека бројни жртви се префрлени во блиската болница Ахли Араб, но на многу помош им е пружена и на отворен простор поради колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа.

„Имаше многу тешко повредени, од кои некои ранети од шрапнели. Реалноста е трагична, тешка и исцрпувачка“, кажа Басал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ