„Израелските окупациски сили извршија масакр. Отворија оган на група од повеќе илјади луѓе кои чекале брашно и друга помош во близина на кружниот тек Ал Кувајт. Убиле 19 и раниле 23 цивили“, соопшти палестинската канцеларија за медиуми, пренесува Ал џезира.
Се наведува дека израелската војска и тенкови почнале да пукаат од митралез на гладните луѓе кои чекале вреќи со брашно и друга помош на локација оддалечена од зоната на оружени дејства.
Махмуд Басал, портпаролот на отсекот за цивилна одбрана во Газа, потврди дека „силен оган е отворен врз цивилите“, дека бројни жртви се префрлени во блиската болница Ахли Араб, но на многу помош им е пружена и на отворен простор поради колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа.
„Имаше многу тешко повредени, од кои некои ранети од шрапнели. Реалноста е трагична, тешка и исцрпувачка“, кажа Басал.