понеделник, 21 октомври 2024
Хрватот пред одлука

Брозовиќ избира: Престижот да се игра во Барселона или да се наполни со пари во Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Марсело Брозовиќ до пред некое време беше незаменлив во средниот ред на Интер, но Хрватот оваа сезона ја одигра под очекувањата па се почесто кружат гласини за негово заминување.

Се говори дека тој ќе треба да избира помеѓу престожот да игра во еден од најголемите клубови во светот, Барселона или да замине на печалба во Саудиска Арабија и да се наполни со пари.

„Каталонците“ се подготвени на Интер да му платат околу 20 милиони евра, а на фудбалерот да му понудат плата од 7 милиони евра по сезона.

Ал Наср исто така е спремен да го обесштети Интер со 20 милиони евра, но затоа пак на Марсело Брозовиќ му нуди плата од високи 20 милиони евра по сезона, односно три пати повеќе од предлогот на Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ