сабота, 27 јули 2024
Расте црниот биланс

Бројот на загинати од земјотресот во Тајван се искачи на 13, повеќе од 1.100 лица се повредени

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 13, шест лица сѐ уште се водат како исчезнати откако утринава помина критичниот период на преживување од 72 часа по земјотресот, повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Зголемувањето на бројот на загинатите беше објавено откако спасувачите открија уште три тела во изминатите два дена на патека во Националниот парк Тароко, објави Кјодо.

Хеликоптерите ги превезуваат луѓето на безбедно додека продолжуваат последователните потреси. Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди во средата планинскиот источен брег на Тајван во ретко населениот округ Хуалиен.

Кинескиот регион Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и е подложен на чести земјотреси.

Повеќе од 100 лица загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ