сабота, 27 јули 2024

Бројот на загинати од поплавите во Индонезија се искачи на 21 лице

Во поплавите и свлечиштата што го погодија индонезискиот остров Суматра, загинаа 21 лице, шест се водат како исчезнати, изјави денеска официјален претставник на спасувачките служби.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, што принуди повеќе од 75.000 луѓе да одат во привремени засолништа.

„До денес, 21 лице се пронајдени мртви, шест сѐ уште се водат како исчезнати“, изјави Фајар Сукма, официјален претставник на агенцијата за управување со катастрофи во Западна Суматра.

Во Индонезија редовно се случуваат свлечишта за време на тековната дождовна сезона, проблемот се влошува со уништувањето на шумите во некои региони.

Село во областа Сутера беше погодено, каде околу 200 семејства беа блокирани по лизгање на земјиштето предизвикано од ненадејна поплава, рече Фајар.

Потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, а властите ги концентрираат операциите во три зони, изјави првиот човек на локалната агенција за пребарување и спасување и додаде дека во потрагата учествуваат околу 150 лица.

Според друг функционер, водата почнала да се повлекува по поплавата, но пристапот до подрачјата погодени од лизгањето на земјиштето сѐ уште е отежнат.

Во друга област во Западна Суматра, областа Паданг, обилните дождови доцна во неделата предизвикаа излевање на реките, поплави и лизгање на земјиштето во кое загинаа најмалку три лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ