четврток, 23 мај 2024
Европска недела на имунизација

Бројот на вакцинирани деца се зголемува, но е далеку од 95 отсто

Во земјава се бележи зголемување на бројот на имунизирани деца, но тоа уште е под препорачаниот праг од 95 проценти, беше истакнато на  одбележувањето на Европската недела на имунизација која се одбележа денеска во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заштитуваме генерации“.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за здравство посочуваат дека се преземени мерки и активности за да се золеми опфатот и достапноста за имунизација.

За прв пат се спроведува и теренска вакцинација насловена „Спринт за вакцинација“ каде се вклучени сите 34  здравствени домови.

Тимови од медицински сестри и лекари ќе извршуваат теренска вакцинација и ќе посетат околу три илјади семејства каде што има невакцинирани деца а фокусот ќе биде ставен на вакцините кои што штитат од голема кашлица и мали сипаници.

Се повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца затоа што, како што се нагласува, само така можеме да постигнеме колективен имунитет. Вакцините се безбедни, велат тие, и штитат од најтешките заболувања.

„Фокусот е даден со вакцинација која што имаат компонента на пертусис, нели поради моменталаната ситуација на појава на зголемен број на појава на заболени од голема кашлица, како и со МРП вакцината бидејќи станува збор за едно високо заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од нивото на државата“, изјави Бранка Величковска Тенева од Министерството за здравство.

Претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција Диџовани истакна дека во земјава се оди наназад со имунизацијата, а пред 30 години опфатот со имунизација бил 95 отсто и, како што вели, најдобро е повторно да се вратиме на тоа ниво на вакцинација.

„Најголемите непријатели се погрешните информации и дезинформациите, па затоа ве молам да ги послушаме научниците“, рече Диџовани.

Оцени дека ова е многу важан иницијатива и дека е многу важно родителите да сватат колку е важна имунизацијата.

„Имунизацијата и до ден денеска останува една од инвенции на човештвото за заштита на неговото здравје. Со имунизација на децата ние ги заштитуваме од смрт како најлошо сценарио, ги заштитуваме од големи попречености кои што исто така не се добри, а во најлошо сценарио тие може да се заразат со некоја болест и навистина тешко да се разболат“, рече претставничката на УНИЦЕФ во земјава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил како дете го штитат и имунизацијата е едно од најголемите достигнувања на човештвото, но сега има многу дезинформации, против кои треба да се бориме.

-Она што ни е пред се потребно е едуцирање, заедно со настани како овој за достапност на имунизацијата. На таков начин може да помогнеме стапките на имунизација низ земјата да растат. Кога ова не се случува ги гледате последиците со појава на болести кои не треба да ги има во земјата, рече Гир.

Настанот за одбележување на Европската недела на имунизација беше организаиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ