четврток, 26 декември 2024

Бројот на предвремените гласачи во САД е значително поголем од вообичаеното

Повеќе од 75 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори, што може да е знак за невообичаено голема излезност оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, тоа не е највисоката бројка досега – во 2020 година беа забележани 101,5 милиони предвремени гласови, но тоа најмногу се должеше на пандемијата на ковид, поради која многумина сакаа да ги избегнат гужвите на избирачките места.

Со уште еден преостанат ден од предвременото гласање, бројката од 75 милиони далеку ги надминува вкупните предвремени гласови забележани во 2016 година (47,2 милиони) и 2012 година (46,2 милиони).

Денот на изборите во САД е утре, 5 ноември, а експертите предупредуваат дека за конечните резултати би можело да се почека неколку дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ