понеделник, 28 октомври 2024

Бројот на пожарите се зголемува, активни се пет

Денеска до 14 часот регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се пет и под контрола се три, инфромираат од Центарот за управување со кризи..

Објавено на

часот

Сподели

Во Општина Чашка кај местото викано Котева Круша во атарот на селото Оморани гори мешана шума. Овој пожар е пренесен од планината Мукос.
Мешана шума гори во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, во блзиина на резервоарите од селски водовод.
Кај гробиштата во Врапчиште гори ѓубриште. Гори ниска шума и сува трева кај селото Подареш, Радовиш. Активен е пожарот и населбата Шуто Оризари каде гори ѓубре.
Под контрола се пожарите на Плакенска планина, кај селото Вирово, Демир Хисар, во Општина Кичево, кај селата Цер и Старец и на Галичица, кај Зли Дол и селата Стење и Лескоец. Тука гори трева и лисна постелка во дабова шума.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ