четврток, 17 октомври 2024

Бројот на католици во светот се зголеми на 1,4 милијарди, објави Ватикан

Бројот на католици во светот се искачи на 1,4 милијарди, покажуваат официјалните статистички податоци што денеска ги објави ватиканската новинска агенција Фидес.

Објавено на

часот

Сподели

Статистиката ажурирана на 31 декември 2022 година покажува дека бројот на католици е зголемен за речиси 14 милиони во споредба со претходната година и дека е зголемен на сите континенти освен во Европа.

Во Африка и Америка има значително зголемување од 7,2 милиони, односно 5,9 милиони. Наспроти тоа, Европа забележува пад од 474.000 верници поради повлекување од црквата, смртни случаи и помалку крштевки.

Статистиката е објавена по повод јубилејната година на Католичката црква која ќе се слави во 2025 година. Јубилејните години обично се слават на секои 25 години.

Католиците сега сочинуваат 17,7 отсто од светската популација. Христијанството е најголемата религија во светот, а потоа следат исламот и хиндуизмот.

Во последниве години, Католичката црква ја потресоа обвинувања за сексуална злоупотреба од страна на свештеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ