понеделник, 24 јуни 2024

Бројни улици низ Скопје денека затворени за сообраќај, МВР информира за посебниот сообраќаен режим

Објавено на

часот

Сподели

Со почеток во 8.часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени ул.Самоилова, на потегот од ул.Лазар Личеновски (Амбасада на САД) до крстосницата со ул.Прохор Пчински и ул.Самоилова и ул.Лазар Личеноски, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и бул.Никола Карев, на потегот од ул.Македонско – косовска бригада до ул.8 Септември, како и ул.Македонско – косовска бригада, на потегот од крстосница со ул.Џон Кенеди до крстосница со бул.Никола Карев во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Велосипедската трка почнува во 9.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје, ул.Св. Кирил и Методиј, а продолжува со траса на движење по бул.Св. Климент Охридски, бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров, локален пат за Средно Водно до врв на Водно (Милениумски Крст).

Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште Кочо Рацин на бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров и ул.Салвадор Аљенде, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно (Милениумски Крст). Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, се вели во известувањето на МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ