Според локалните медиуми, големиот брод удрил во мостот околу 1:30 ноќе. Бродот прво се запалил, а потоа мостот се урнал.
Is it me or this looks very deliberate
Full video of Baltimore Bridge Collision/Collapsing pic.twitter.com/ti4Zziid0c
— ‘ (@S_K_Mar) March 26, 2024
Сосе мостот во реката Патапско паднале неколку автомобили. Уривањето на мостот го снимиле надзорните камери. Засега не се знае дали има загинати и/или повредени.
#BREAKINGNEWS #maryland #baltimore #Keybridge collapses after contact with cargo ship pic.twitter.com/A1LmKwZxkX
— Hayward Jablomi (@HaywerdJablomi) March 26, 2024
Противпожарната служба на градот Балтимор соопшти дека околу 1:30 часот почнале да доаѓаат информации дека во столб на мостот удрил брод. Не се знаеше колку возила има на мостот, но „дефинитивно имаше една голема приколка за камион на неа“.
A container ship has struck the Key Bridge in Baltimore. Part of the bridge has collapsed. Multiple fire and police boats are on the way. pic.twitter.com/D6o04271k7
— Andrew Doyle (@doyle0213) March 26, 2024
„Има најмалку седум лица“ во реката, а „нуркачка и спасувачка екипа пристигнаа на местото на настанот за да ги лоцираат луѓето“, додаваат тие.
Watch live after a major bridge has collapsed in the US city of Baltimore after it was hit by a cargo ship 👇
More on the story here ➡️ https://t.co/V9oD1m9hHf https://t.co/InjNHxBmdZ
— Sky News (@SkyNews) March 26, 2024
Извршниот директор на округот Балтимор Џони Олшевски Џуниор на социјалните мрежи објави: „Во тек е спасување. Молете се за погодените“.
Според веб-страницата Марин трафик, станува збор за контејнерски брод по име Дали, кој плови под знамето на Сингапур.
Според истата страница, првиот брод што пристигнал на местото на несреќата десет минути подоцна бил шлеперот Ерик Мекалистер, кој бил во пристаништето. Му се придружил уште еден шлепер Бриџит Мекалистер, како и брод за пребарување и спасување околу 25 минути по несреќата. Сега повеќе од 10 брода се вклучени во спасувачката операција.
Се чини дека бродот што учествувал во судирот со мостот претрпел штета, изјави пожарникар за Си-ен-би-си.
Кевин Картрајт од противпожарната служба во Балтимор вели дека пожарникарите се фокусирани на обидот да ги спасат и извлечат луѓето за кои се верува дека паднале во реката. Тој вели дека сѐ уште е рано да се даваат прогнози за бројот на луѓето погодени од инцидентот.
„Условите се несигурни бидејќи делови од потпорите сè уште висат од мостот, што значи дека спасувачките тимови мора да работат многу внимателно“, додаде тој.