сабота, 21 декември 2024

Брод „темпирана бомба“ со денови пловел во Јадранско Море

Оружје и опрема наменети за Израел од 7 октомври талка по бројни земји во светот и регионот. Имајќи го предвид значителното користење на воздушните сили и авионските бомби, побарувачката за воени експлозиви порасна на глобалниот пазар.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела во Јадранско Море под португалско знаме впловил бродот МВ Катрин. И покрај неколкуте обиди да влезе во некое од јадранските пристаништа и во Хрватска и во Црна Гора, бродот со денови пловел по Јадранот.

Според хрватските медиуми, причината за недозволувањето бродот да влезе во пристаништата е неговиот товар кој е исклучително ризичен. Овој брод транспортира осум контејнери воен експлозив РДХ хексоген за Израел.

Воениот експлозив хексоген спаѓа во најсилните експлозиви за воена намена и е за еден и пол пат посилен од ТНТ. Овие карактеристики го прават овој транспорт уште поопасен, но и причина поради која пристаништата Плоче и Сплит во Хрватска и пристаништето Бар во Црна Гора одбиле да го примат бродот.

Вчера бродот МВ КАтрин ги напуштил водите на Јадранско Море и се упатил кон Малта. Според апликацијата за следење бродови Марин трафик бродот се наоѓа пред Малта, што би можело да значи дека бродот и таму нема дозвола за влегување во пристаниште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ