петок, 27 декември 2024

Брод со 400 луѓе без капетан неконтролирано плови меѓу Малта и Либија, водата почнала да навлегува под палубата

Објавено на

часот

Сподели

Оваа служба на Твитер наведе дека добила повик за помош од бродот, кој тргнал од Тобрук во Либија минатата ноќ и дека за тоа се известени властите.

Како што објави Ројтерс, бродот останал без гориво, а под палубата навлегло големо количество вода, додека нема капетан и никој не може да управува со бродот.

Луѓето на бродот почнале да паничат, а некои од нив добиле медицинска помош, пренесува Ројтерс. Аларм фоун истакнува дека бродот го бара Службата за спасувања на Малта (САР).

Германската невладина организација Си воч интернешнал на Твитер напиша дека денес во Медитеранот барала бродови на кои им е потребна помош, вклучувајќи го и бродот кој плови без контрола.

Друга германска невладина организација Џермани рескјушип соопшти денес дека најмалку 23 мигранти се удавиле во Медитеранот откако доживеале бродолом.

Додадоа дека нашле 25 лица во морето за време на спасувачката акција, но дека успеале да извлечат 22 преживеани лица и две тела.

Рескјушип додаде дека на нивниот екипаж му било кажано дека околу лица се удавиле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ