сабота, 27 јули 2024

Брод повторно заглави во Суецкиот канал, во тек е извлекување

Објавено на

часот

Сподели

Лет додаде дека се работи за брод за товар на големо Ксин Хаи Тонг 23, долг 190 метри. Властите на каналот веднаш не го коментираа инцидентот. Зад него досега се формирала колона од четири други бродови, пишува Ројтерс.

Бродот тргнал од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија. Сопственик е „Шианг Б12 интернешнл шип лиз“, а со него управува „Тоско Кимакс интернешнл шип менаџмент“.

Ова не е прв ваков случај. За време на силните ветрови во 2021 година, големиот контејнерски брод „Евер Гивен“ исто така се заглави во Суецкиот канал, што го запре сообраќајот во двете насоки шест дена и ја наруши глобалната трговија.

Минатата година, реморкерите извлекоа танкер со нафта што накратко беше заглавен во каналот по технички дефект на кормилото, додека дефект на контејнерски брод во каналот предизвика мали доцнења во март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ