понеделник, 16 декември 2024

Брод на Лекари без граници спаси 440 мигранти во Средоземното Море

Објавено на

часот

Сподели

„По операција од повеќе од 11 часа, спасувањето сега е завршено, а вкупно 440 луѓе, меѓу кои осум жени и 30 деца, сега се безбедни на бродот Гео Баренц и се згрижени од нашиот тим“, објавија Лекари без граници на Твитер со слики од спасувањето.

Бродот Гео Баренц добил повик за помош додека барал да се засолни во Средоземното Море за време на невремето, а потоа го променил курсот за да дојде на помош, соопшти организацијата.

 

 

Поради лошите временски услови, екипата на Лекари без граници не можела веднаш да излезе на помош, се вели во соопштението.

Според извештаите, во 04:00 часот вечерва, по 10 часа пловење во немирно море, тимот конечно успеал да стигне до бродот со мигрантите.

Италијанските власти го блокираа хуманитарниот брод на Лекари без граници во февруари, обвинувајќи го за кршење на новите прописи за мисиите за спасување мигранти.

Премиерката Џорџа Мелони, лидер на екстремно десничарската партија Браќа на Италија, дојде на чело на владејачката коалиција во октомври со ветување дека ќе го намали бројот на мигранти кои пристигнуваат во земјата.

Новиот закон ги обврзува хуманитарните бродови да вршат само по едно спасување, што, според критичарите, го зголемува ризикот од страдање на мигрантите на медитеранската рута, која се смета за најопасна во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ