вторник, 22 октомври 2024

Брнабиќ: Србија во следните 300 години нема да има лидер и човек како Вучиќ

Претседателката на Собранието на Република Србија Ана Брнабиќ синоќа по разговорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ со граѓаните во Мали Зворник изјави дека Србија во следните 300 години нема да има човек и лидер како Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„После четири часа ваков искрен и отворен разговор, кој цела Србија можеше да го следи во живо, имам само едно да кажам – Србија нема да има ваков човек и лидер како Александар Вучиќ во следните 300 години“, напиша претседателката на Собранието на својот профил на мрежата Икс.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во зградата на општина Мали Зворник разговараше со жителите на таа општина и на околните места за експлоатацијата на литиум и други теми кои ги интересираат и како што рече, дошол да ги чуе и сослуша.

Вучиќ пред зградата на општината го пречекаа повеќе од стотина граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ