вторник, 22 октомври 2024

Брнабиќ: Србија е пример и светилник на демократијата во однос на Хрватска

Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ порача дека „Србија е пример и светилник на демократијата во однос на Хрватска“ и наведе повеќе примери за кои тврди дека ја покажуваат разликата меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не е Република Србија таа што му забранила на кого било од Хрватска да го посети Крагуевац, Краљево или Јајинце, каде нацистите убивале луѓе за време на Втората светска војна само затоа што се Срби, Евреи или Роми, туку Хрватска е таа која му забрани на претседателот на Србија Александар Вучиќ да го посети најголемото губилиште на српскиот народ и најголемиот српски град под земја, на местото каде што бил системот усташки логори Јасеновац. Таа забрана е на сила ден денес“, порача Брнабиќ.

Таа наведе дека „токму во Хрватска, а не во Србија, е можно човек да биде уапсен и осуден на казна затвор од 15 дена само поради изборот на музика која ја слушал во сопствениот автомобил, како што му се случи на граѓанинот на Србија, адвокатот Немања Бериќ“.

„Токму таа Хрватска е истата таа земја кој јавно им забрани влез на претставниците на државата Црна Гора, односно директните претставници на народот, членови на парламентот, само затоа што не им се допадна ставот за вашето нацистичко минато“, напиша Брнабиќ.

Потсети дека Вучиќ „повика да се прекине со праксата на какво било задржување поради политички изјави или ставови на странски државјани на границите на Србија иако тоа е целосно неспоредливо со праксата на апсење и изрекување затворски казни на луѓето поради музиката која ја слушаат, целосна забрана за влез поради ставови и мислења или забрана без какво било објаснување, како што тоа го прави Хрватска“.

„Тоа е уште еден во низата примери на кои се гледа јасна разлика меѓу вас и нас. Не сме исти“, заклучи Брнабиќ.

Претходно претседателот на хрватското собрание Гордан Јандроковиќ порача дека Србија не е демократска држава.

„Мораме да бидеме многу отворени и да кажеме дека Србија не е демократска држава. Ова што и го направија на госпоѓата (Северина) Вучковиќ го покажува начинот на кој се однесуваат кон сите кои имаат поинакво мислење од тоа на владејачката структура во Србија“, изјави Јандроковиќ.

Неговата изјава се однесува на неодамнешното задржување на пејачката Северина Вучковиќ на српско-хрватската граница поради вербален деликт.

„Освен што седи на две столчиња, Србија е недоследна, непринципиелна и предизвикува регионални кавги“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ