петок, 26 јули 2024

Брнабиќ: Со резолуцијата за Сребреница како светот да се свртел наопаку, фрлаат чкорче на Балканот

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави денес дека, со информацијата дека Германија ќе ја претстави „срамната резолуција“ за Сребреница во Обединетите нации, изгледа, како што наведе, дека светот се свртел наопаку – како сè што било нормално повеќе да не е, а дека сè она што било ненормално сега е нормално.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можам да сфатам зошто ова Германија го прави, како е ова воопшто можно. Дали таму некој не се прашува каква шлаканица е ова за целиот свет и целата историја“, кажа Брнабиќ, наведувајќи дека „многу рано утринава“ разговарала со претставници на некои земји.

Таа, зборувајќи за страдањето на српскиот народ, наведе дека со ваквата резолуција „се брише дваесеттиот век и се прави некоја нова историја, нов светски поредок заснован на лаги и брутално непочитување на сите жртви и правила“.

Според неа, со ваквата резолуција „се кршат Дејтонскиот договор и уставот на Босна и Херцеговина“ и претставува „скандал над скандалите“.

„Во момент кога има жаришта низ светот, отвораат уште едно на Балканот кој и така е буре барут. Се трудевме 30 години да ја смириме ситуацијата, а тие фрлаат чкорче кое ќе ја разгори омразата. Тие ќе заминат, а ние ќе останеме тука во регионот да се обидеме да најдеме начин да ги смириме тензиите“, кажа Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ