вторник, 22 октомври 2024

Брнабиќ: Протестите против литиумот станаа протести против науката и здравиот разум

Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ оцени дека протестите против најавата за копање литиум во Србија прераснале во „протести против науката, против здравиот разум и протести на теоретичари на заговори“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На нив зборуваат луѓе кои веруваат во кемтрејлс, луѓе кои велат дека не ни треба геолошка струка, дека треба да се затворат сите рудници, зборуваат за сатанизам, се борат против банкарскиот систем, шират паника и страв“, кажа таа.

Според неа, проектот Јадар на Србија, а особено на западна Србија, би ѝ донел нови работни места, подобри плати и животен стандард, а земјоделската активност би можела да продолжи бидејќи тој рудник е под земја, а не е отворен коп.

„Србија би станала снабдувач на стратегиски суровини и производи, па со самото тоа нашето влијание во светот и Европа би пораснало. Секако се подразбира дека сето тоа се прави со почитување и примена на најстроги мерки за заштита на животната средина“, оцени Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ