среда, 15 јануари 2025

Брнабиќ: Не повика Вучиќ на референдум, туку опозицијата преку Центарот за истражување, транспарентност и одговорност

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека не бил српскиот претседател Александар Вучиќ кој повикал на советодавен референдум за негова смена, туку дека опозицијата тоа го направила самата, преку Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека ЦРТА со својата „бомбастична“ објава за истражување на јавното мислење, пренесе дека на советодавниот референдум за разрешување на Вучиќ, дури 52 отсто од луѓето би гласале против него, само 34 отсто би гласале за тој да остане.

„Вучиќ како одговорен политичар кој верува во демократијата и волјата на народот рече: Нема проблем, имате национална анкета и репрезентативен примерок – супер, ајде да излеземе на референдум! Српската напредна странка (СНС), како најголема партија, ќе даде 100 потписи на пратеници за да ја поддржи вашата иницијатива“, изјави Брнабиќ, која е и функционер на владејачката СНС.

Таа рече дека очекува опозицијата да ѝ достави повеќе од 67 потписи наутро, пред 10 часот, кога ќе одржи прес-конференција.

„После тоа, ќе се договориме кога ќе излеземе на референдум“, рече таа.

Таа посочи дека доколку опозицијата не поднесе 67 потписи, нема да има иницијатива за смена на претседателот.

„Ќе поднесеме 100 за поддршка на нивната иницијатива, но ако немаат иницијатива, веројатно тогаш јасно ќе покажат дека не веруваат во овие анкети и дека знаат и се апсолутно убедени, како и јас, дека Александар Вучиќ има апсолутно мнозинска поддршка“, изјави Бранбиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ