петок, 18 октомври 2024

Брнабиќ најави парламентарна комисија за литиумот, ја повика опозицијата да учествува

Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ најави денес формирање парламентарна комисија во врска со литиумот и ја повика опозицијата да учествува во нејзината работа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа за РТС кажа дека ќе се работи и на организирање посета на парламентарна делегација во Германија и Финска, за таму да се видат сите активности на тие држави во врска со литиумот.

Се заложи и за аргументирана расправа во собранието на Србија и ја повика опозицијата да ја „спушти топката“ околу прашањето со литиумот.

„Немојте да политизирате, ајде да разговараме на основа на факти“, кажа Брнабиќ кој е функционерка на владејачката Српска напредна партија.

Таа ја критикуваше опозицијата за тоа што за време на седницата на парламентот, наместо за точките на дневниот ред, повеќе зборувала за литиумот.

Кажа дека ќе настојува во парламентот да биде организирано јавно сослушување за литиумот, и наведе дека на таа тема е тешко да се најдат одговорни стручни и аполитични луѓе, бидејќи, како што кажа, „штом нешто кажат, ги ставаат на некоја страна“.

Оцени дека темата со рударењето литиум е исполизирана, а дека јавноста е поделена.

„Нема потреба за евтини политички поени да водиме борба за она што може да ѝ донесе на Србија економски просперитет“, кажа Брнабиќ.

Наведе дека сите во парламентот се заинтересирани за заштита на животната средина.

„Сите сме заинтересирани за заштита на животната средина, ајде да видиме како заедно да работиме, да воспоставиме контролни механизми и ги повикувам луѓето да даваат предлози“, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ