понеделник, 21 октомври 2024

Брнабиќ: Курти спроведува етничко чистење

Тоа што го прави косовскиот премиер Аљбин Курти е „страшно и претставува отворено етничко чистење“, оцени претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ откако пред шест дена приштинскиот режим ги блокираше сите српски институции на северот на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Морам да кажам дека е фино тоа што сите осудуваат, мислам, и Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но прашањето е дали е тоа доволно?“, кажа Брнабиќ.

Таа смета и дека е скандалозно „она што го прават тајкунските медиуми и нивните аналитичари“, кои сликата од Косово ја претставуваат како „никогаш да не е Курти виновен, туку дека секогаш е виновен (претседателот на Србија Александар) Вучиќ“.

„Кога реагираме на пример со кревање на воената готовност, тогаш кукаат дека сме воени провокатори и дека создаваме нестабилност и дека тоа е вишок, а кога не реагираме така, туку користиме дипломатија, а во овој момент верувајте и Александар Вучиќ и претседателот на владата Милош Вучевиќ и сите останати тоа сериозно го прават, тоа е една машинерија која работи во позадина за сето тоа да се адресира – тогаш и тоа не е добро и не е доволно“, истакна таа.

Му се заблагодари на српскиот народ на Косово за тоа што, како што истакна, е трпелив и храбар и затоа што верува во своето раководство.

„Ќе повторам уште еднаш дека нова Олуја нема да има. Но, повторно, треба да се покаже и сета бруталност и неразумност на Аљбин Курти и тоа конечно се гледа. Што би рекол Вучиќ, ноќта е најтемна пред разденувањето и тоа е она што ние го живееме овие денови“, истакна претседателката на собранието на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ