Претседателот на Народно движење Мирослав Алексиќ претходно денес на конференција за медиумите кажа дека парламентарната опозиција официјално бара формирање преодна влада – „влада на народна доверба“.
Брнабиќ, одговарајќи на прашања на конференција за медиумите кажа дека опозицијата избегнува сè што би вклучувало прашање до народот – и избори и референдум.
„Те се препотентни, дојдоа и кажаа од сега ние сме власт. Нема референдум и ние нема да го дозволиме. Сè што е прашање до народот ние не го сакаме, ние сакаме само себеси да се поставиме на престолот“, истакна Брнабиќ.
Претседателката на парламентот праша врз основа на што се изнесени барањата за влада на народна доверба и врз основа на кој устав.
„Прашање на сите граѓани е врз основа на што, врз основа на кое право, устав, такво нешто не само што не е уставно, туку е против уставот на Република Србија, врз основа на кои закони вие тоа барате да го направиме“, наведе Брнабиќ.
„По оваа конференција на основа на која добивме ултиматум да формираме влада на Ѓилас морав да се обратам. И сè што слушнавте заборавете. Орочена влада тоа е влада на Ѓилас и влада која Србија би ја вратила во добара на грабеж, пропаѓање, затоа и некои стануваа милионери, затоа тие грчевито се борат за влада на Ѓилас“, наведе Брнабиќ.
Таа додаде дека претставниците на опозицијата не можат да се договорат околу тоа кој каде ќе седи во собранието, а кога треба насилно да се преземе власта постигнуваат консензус за два часа.
„Интересно е што имаат консензус на целата опозиција. Тие луѓе меѓусебно не можат да се договорат околу тоа каде ќе седат во клупите на Народното собрание на Република Србија. Но кога треба да се дојде до тоа да ја делат власта, да ја преземат насилно власта, да се стават на престолот, сами себе, без народот, без избори, надвор од уставот, надвор од законите, е тогаш брзо се договараат и околу тоа постигнуваат консензус за два часа“, кажа Брнабиќ.