сабота, 27 јули 2024

Брнабиќ за хрватските пилоти: Кукавици и монструми убиваа старци и деца кои бегаа

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава во Давос и премиерката Ана Брнабиќ во соопштение во Белград, коментирајќи го ставот на Загреб, истакнаа дека Србија има право да бара одговорност за убиствата на српските цивили за време на акцијата Олуја.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера кажа дека Србија ќе ја чини обвинението кое го поднесоа против четворица високи офицери на Хрватската војска за наводни воени злосторства и ги прозва политичарите на таа земја за „неинтелигентно однесување“ со кое никогаш нема да влезат во Европската Унија.

Потпретседателот на хрватската влада Томо Медвед кажа дека ниедно државно тело не го примило обвинението на српското обвинителство за наводни воени злосторства во Олуја против четири хрватски воени пилоти и дека Хрватска ќе ги отфрли ако ги добие.

Брнабиќ возврати дека „поминаа долги 27 години, а никој не најде за сходно да реагира, да им суди на организаторите и извршителите, злосторниците кои убивале деца во бегалската колона, на територија на друга држава“.

„Кога Србија тоа конечно го направи, 27 години подоцна, слушаме закани – ќе ни биде блокиран европскиот пат, да се опаметиме или никогаш нема да влеземе во ЕУ“, истакна Брнабиќ.

„Зборувам за поднесување обвинение против кукавици и монструми кои пред 27 години од воздух, на територија на друга држава, убивале деца и старци во бегство, кои само неколку часа пред тоа ги изгубиле своите куќи и сè што имале на светот. Ова претходно злосторство – најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна, поради кое овие луѓе се нашле во бегство (за што, исто така, никој не одговарал), изгледа не било доволно. Било потребно да се стигне колоната старци, жени и деца со авиони и да се гранатираат, за да се обезбеди дека никогаш нема да се вратат“, наведе српската премиерка.

Српскиот претседател Вучиќ во Давос ги отфрли хрватските тврдења за „митот за Јасеновац“ истакнувајќи дека на територијата на Хрватска се случила најголемата трагедија која му се случила на еден народ на територијата на поранешна СФР Југославија.

„Да го заборавиме местото на нашето најголемо страдање, за што? За добро да пишуваат за мене!? Само вие продолжете го своето, а ние своето“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ