сабота, 27 јули 2024

Брнабиќ: Демонстрантите ги фотошопирале фотографиите од протестите

Објавено на

часот

Сподели

„Не ми пречи протестот „Србија против насилството“, не ми пречат тие луѓе, имам голема почит за нив, освен за оние кои директно и секојдневно повикуваат на насилство, а потоа еднаш неделно се придружуваат на протест против насилството, а вам таму не ви пречат“, кажа Брнабиќ во српското собрание обраќајќи им се на опозициските пратеници.

Додаде дека на протестите ѝ пречат две нешта: лицата кои повикуваат на насилство и блокирањето на мостот Газела, со што, како што кажа, се спречува слободното движење на граѓаните во Белград.

„Тоа ми пречи. Вака, луѓето, нормално, верувам дека таму има стотици и илјадници луѓе кои дошле да ги изразат своите тага и жал, но има и такви што се напиле, пеат, се закануваат и само викаат „Вучиќ оди си““, кажа српската премиерка.

Брнабиќ истакна дека ѝ е „малку неверојатно“ тоа што опозицијата ја обвинува власта за фотошопирање на реалноста, откако некој, како што тврди, од организацијата на протестите фотошопирал фотографија од протестите бидејќи не бил задоволен од бројот на луѓе на собирот.

„Јас го посочив тоа, бидејќи сметав дека треба. Вам не ви беше доволен бројот на луѓето па сте ги фотошопирале. Јас тоа го направив на најпластичен можен начин. Вие ми зборувате за фотошоп, а вие тоа го правите. Мене тоа ми беше импозантен број на луѓе, повеќе ги ценам од вас на кои не ви бил па моравте да го зголемите“, кажа Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ