сабота, 27 јули 2024

Британските железничари најавија масовен штрајк за време на финалето на Евровизија

Објавено на

часот

Сподели

Националниот синдикат на железнички, поморски и транспортни работници (РМТ) во четвртокот соопшти дека добил појаснување од железничките оператори дека зголемувањето на платите од пет проценти во првата година ќе се применува само ако РМТ се откаже од понатамошни штрајкови.

Рејл деливери груп (РДГ), која ги претставува британксите железнички оператори и која му даде нова понуда на РМТ за железничките работници претходно овој месец, оцени дека РМТ преговарал со „лоша волја“, дека на своите членови им го ускратува правото на глас за договорот за правична плата, дека непотребно го нарушува животот на милиони патници, како и дека ја поткопува одржливоста на индустријата која е од витално значење за британската економија.

Нов 24-часовен штрајк ќе следи откако РМТ ги откажа двата планирани национални штрајкови за 30 март и 1 април, додека сè уште ја разгледуваше најновата понуда околу платата.

Штрајкот најавен за 13 мај ќе се совпадне и со големото финале на Евровизија во Ливерпул, каде се очекуваат илјадници посетители.

Железничките работници се меѓу стотиците илјади работници ширум Британија, вклучително и наставниците, лекарите, медицинските сестри и државните службеници, кои се во спорови околу платите со своите работодавци во време кога инфлацијата е на највисоко ниво во последните четири децении и се движи на ниво од околу десет проценти, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ