сабота, 27 јули 2024

Британските тенкови би издржале само две недели во војна со Русија

Британските мали тенковски сили би биле уништени за само две недели доколку таа земја завојува со Русија, предупреди поранешниот офицер на Кралскиот тенковски полк потполковникот Стјуарт Крофорд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа и дека поради тешката состојба во оружените сили Обединетото Кралство повеќе „не е воена сила од прв ред“.

Во разговор за британски Телеграф, Крофорд кажа дека новите британски тенкови „челинџер 3“, кои би требало да бидат во употреба до 2030 година, се „пристојни“, но дека ги нема доволно.

Истакна дека британските сили некогаш имале 900 борбени тенка, а сега ќе обезбедат само 148.

„Во моментов планираме да набавиме само 148 тенка „челинџер 3“, што е срамно малку ако се има предвид дека на врвот на Студената војна, што не беше така одамна, Кралскиот воен корпус имаше околу 900 тенкови“, прецизираше Крофорд и додаде дека 148 борбени тенкови би можеле да потраат околу две недели во интензивна борба ако Британија има среќа.

Според поранешниот воен офицер, конфликтот во Украина покажал дека се потребни многу подготовки за војна, а 148 тенкови се доволни за опремување два оклопни полка плус резервни возила и возила за обука, што е „смешно малку“.

„Не е ни чудо што некои високи американски офицери кажаа дека Британија повеќе не е воена сила од прв ред“, додаде Крофорд.

Премиерот на Британија Риши Сунак вети зголемување на трошењето за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2030 година, но остана на тоа војската да се намали на 73.000 припадници, најмал број во последните 300 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ