понеделник, 3 март 2025

Британскиот премиер за неформалниот европски самит во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација (ФОТО)

Европските лидери мора да дејствуваат за безбедноста на континентот „во момент кој се случува еднаш во генерација“, кажа британскиот премиер Кир Стармер на почетокот на неформалниот самит за Украина во Лондон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер е домаќин на европските лидери во куќата Ланкастер во близина на Бакингемската палата. Присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на НАТО Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

„Се собравме денес тука бидејќи ова за безбедноста на Европа е момент кој се случува еднаш во генерација и сите мораме да се искажеме“, кажа британскиот премиер на почетокот на средбата.

Добар исход за Украина е „клучен за безбедноста на секоја нација која е тука, а и многу други“, оцени тој.

Собирот во Лондон се одржува неколку дена по разнишувањето на темелите на трансатлантските односи, пишуваат агенциите.

На кавгата на американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот сведочеше целиот свет. Претседателот на САД го обвини Зеленски дека „се коцка со трета светска војна“ и дека е „полн со омраза“ кон рускиот претседател Владимир Путин.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте пред средбата во Лондон на социјалната мрежа Икс изрази оптимизам. Истакна дека „сите во Европа“ мора да направат повеќе за да го поддржат Киев, дека „сите сакаат мировен договор“, но таков што ќе трае, и дека европските држави мора да го зголемат своето трошење на војските ако сакаат „да ја задржат силата на НАТО“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ