четврток, 16 јануари 2025

Британскиот премиер во Киев потпиша договор за „стогодишно партнерство“ со Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пристигна во Киев за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и да потпише билатерален договор за „100-годишно партнерство“, соопшти Даунинг стрит.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обединетото Кралство и Украина потпишуваат историско 100-годишно партнерство за продлабочување на безбедносните врски и зајакнување на нашето партнерство за идните генерации“, соопшти Даунинг стрит.

Ненадејната посета, која доаѓа неколку дена пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, е прво патување на Кир Стармер во Киев како британски премиер.

Кандидатот на новоизбраниот американски претседател за државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека и Украина и Русија ќе мора да направат отстапки за да ѝ се стави крај на војната.

Тој нагласи дека е важно да се биде „реален“ дека „Руската Федерација, но и Украинците, ќе мора да попуштат“.

Се очекува Стармер да го искористи своето патување во Украина за да навести нова поддршка од Британија, вклучувајќи понатамошна воена и економска помош.

Пред посетата, Зеленски рече дека ќе ја искористи средбата за да разговара за изгледите британски трупи да бидат распоредени во Украина како мировници по каков било договор за прекин на огнот со Кремљ.

Британскиот премиер рече дека „амбицијата на Путин да ја одвои Украина од нејзините најблиски партнери е монументален стратегиски неуспех“.

Наместо тоа, ние сме поблиску од кога било и ова партнерство ќе го однесе тоа пријателство на следното ниво, рече тој.

„Силата на нашето долгогодишно пријателство не може да се потцени. Поддршката на Украина да се одбрани од варварската инвазија на Русија и да ја обнови просперитетната, суверена иднина е од суштинско значење за основата на безбедноста на оваа влада и нашата агенда за промени“, рече Стармер.

„Преку ова партнерство создаваме силна економија што е во прилог на британскиот народ, безбедна земја што ги штити нашите интереси дома и надвор и просперитетно општество“, нагласи британскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ