За време на жестоката расправија меѓу американскиот претседател и неговиот украински колега, Трамп го обвини Зеленски дека „се коцка со трета светска војна“ и „не ја почитува Америка“, а украинската делегација потоа ја напушти Белата куќа.
Подоцна истиот ден, британскиот премиер Стармер му се јавил на Зеленски и се обидел да го убеди да се врати во Вашингтон, а потоа му се јавил на Трамп во обид да ги намали тензиите, пренесува лондонски Телеграф.
Неговите напори биле неуспешни, бидејќи Американците му рекле дека треба да се смират страстите пред да продолжат разговорите, додава британскиот весник. Зеленски оттогаш беше под притисок од европските лидери да се обиде да ги поправи односите со Трамп.